Регистриран случај на корона вирусот во Пробиштип – Се огласи градоначалникот на општината на својот фејсбук профил

Почитувани,
денес се одржа 7-та седница на Стручно оперативната група за состојбата со корона вирусот (COVID-19)🦠. На состанокот се разговараше за спроведување на мерките дадени од страна на Владата и за воведувањето на полициски час. Сакам да ве известам дека на територија на нашата општина сите досегашни мерки се спроведуваат навремено и успешно.
◾Во овој момент сакам да ве информирам, за она што најмногу ве засега, а тоа е информацијата којшто се прошири во текот на вчерашниот ден. Имено, за лице коешто било во посета на нашата општина и во тој период дознало дека е позитивно на корона вирусот.
◾Станува збор за лице со живеалиште во град Скопје, коешто било во посета на најблиското семејство во Пробитшип, откако ги добило резултатите, веднаш исконтактирало со епидемилогот и известило за сите контакти и каде се движело.
📌Институциите ја регистрирале оваа состојба и сите лица, со кои ова лице има остваерно контакт се во самоизолација, ниту лицето кај кое тестот е позитивен, ниту лицата со кои било во контакт немаат симптоми на корона вирусот.
◾Лицето во текот на денешниот ден ќе направи повторен тест за да се потврди или негира претходниот тест, за што повторно ќе известиме.
◾До овој момент бројот на лица кои се во самоизолација во нашата општина е 4️⃣9️⃣ лица.
❗Сакам да испратам апел на смиреност и разбирање во оваа ситуација.
Во овој момент ситуацијата низ целата држава се менува, со оглед на тоа дека имаме веќе заболени и во другите градови, за што се очекуваат и други дополнителни мерки од страна на надлежните институции.
❗Повикувам на строго почитување на мерките, за што е можно помала изложеност на потенцијално заразување со корона вирустот. Седете дома, спасете живот.

https://facebook.com/story.php?story_fbid=2460801824173038&id=1888927011360525

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

RSS
Twitter