Регистрирани нови 66 случаи позитивни на Ковид-19


Потврдени нови 66 случаи на корона вирусот во изминатото деноноќие, соопшти министерството за здравство. 76-годишната пациентка која пред два дена почина во ГОБ „8 септември“ денеска е пристигнат резултат на брис кој покажал присуство на корона вирусот, и овој случај ќе биде евидентиран во денешната статистика на Институтот за јавно здравје.

Најмногу од денешните заболени се во Куманово, 27, во Скопје се 10, Штип-3, Прилеп-4, Тетово-5, Струга-4, Велес-2, Охрид-5, Гостивар-1, Кочани-3 и Неготино-2.

Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во нашата земја изнесува 974 лица, од кои најмногу се во Скопје 339, па следува Куманово со 262-ца заболени. На 12 пациенти кои биле на домашно лекување им се констатирани два негативни теста по ред, и тие се излечени.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

RSS
Twitter