Регистрирани нови 107 позитивни случаи на Ковид-19 во земјава

Во изминатите 24 часа се потврдени 107 нови случаи на Ковид-19, информираа од Министерството за здравство. На Клиниката за инфективни и фебрилни состојби починал пациент од Струшко на возраст од 50 години, кој бил хоспитализиран на 27 март, а само еден ден подоцна, поради влошување на состојбата, бил поставен на механичка вентилација.

– Од Клиниката се испишани 5 оздравени пациенти, а денеска се регистрирани и 18 оздравени пациенти што се лекуваа во домашни услови, а кои по два контролни теста се негативни на коронавирусот – информираат од МЗ.

Новопотврдените 107 случаи на Ковид-19 се во:
Скопје – 28
Куманово -44
Дебар – 2
Штип – 1
Прилеп – 11
Тетово – 5
Струга – 1
Велес -4
Битола – 6
Кавадарци -1
Гостивар – 2
Кочани -1
Кичево -1.

Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во нашата земја изнесува 1081. Според местото на живеење, досега се регистрирани случаи во:
Скопје – 367
Куманово – 306
Дебар – 51
Штип-32
Прилеп –100
Тетово – 48
Струга – 50
Велес – 40
Битола –15
Охрид –7
Кавадарци – 4
Гостивар –12
Гевгелија – 4
Струмица – 2
Крива Паланка-4
Радовиш – 4
Крушево – 3
Кочани – 26
Пробиштип – 2
Кичево – 2
Неготино -2

Претседателот Стево Пендаровски попладнево соопшти дека на предлог на Владата ќе донесе нова одлука за нова вонредна состојба од 30 дена во Македонија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

RSS
Twitter