Пронајден ЕКСПЛОЗИВ во семеен дом во Крушево

На улица „Партизанска“ во Крушево, вчера попладне, во семеен дом поронајден е експлозив.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, вчера во 16:30 часот во Полициската станица во Крушево, лицето со иницијали М.Р.(64) од Словенија пријавила дека во куќата во која престојува, која е во сопственост на нејзиниот починат брат, пронашла експлозив.

Се врши увид на куќата во која е пронајден експлозивот, и за истиот настан известена е Дирекцијата за заштита и спасување.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

RSS
Twitter