Причини поради кои постојано чувствувате замор

Дали некогаш се имате запрашано кој е главниот виновник за чувството на замор? Ние го имаме вашиот одговор. Заморот може д абиде предизвикан од луѓето од вашето опкружување, механичкиот и досаден сексуален живот, но не заборавајте дека и премногу спиење доведува до замор.

Пет причини поради кои постојано се чувствувате уморно:

Не се будите доволно рано

Најголема грешка која ја правите секое утро е одложување на алармот. Иако мислите дека спиењето до последната секунда ќе ви годи, сепак тоа може да биде штетно за вас.

Според истражувањата кои се направени од Харвард во 2008 година, луѓето кои стануваат порано се подготвени повеќе во поглед на справување со проблемите и решавање на истите, отколку оние кои ги нарекуваме ноќни птици.

Лошиот сексуален живот

Доста голем број на луѓе се жалат на умор од водењето љубов, но не се свесни дека сексот може да им помогне да спијат подобро. Со водењето љубов организмот лачи пролактин, односно хормон чие ниво природно се зголемува додека спиеме.

Намалена количина магнезиум во организмот

Магнезиумот влијае врз квалитетот на сонот, брзината на засивањето, како и должината на спиењето. Но сепак треба да се знае дека магнезиумот понекогаш може да има и лаксативно дејство.

Не ја сакате работата

Сите сме свесни доколку не си ја сакаме работата, станувањето наутро ќе ни биде потешко.
Голем број истражувања покажуваат дека доколку не го сакаме тоа што го работиме или доколку имаме проблеми на работното место, имаме проблеми со спиењето, односно поради стресот не можеме да спиеме подобро.

Недостаток на сончева светлина

Кога сме изложени на сончева светлина или премногу силна вештачка светлина, лачењето на хормонот мелатонин станува побрзо, затоа можеме побрзо да запиеме.
Па поради таа причина треба да се стремиме кон изложување на сонце во барем еден час во текот на денот, но сепак да не претеруваме, а со тоа ке добиеме бесплатна доза на Д витамин.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

RSS
Twitter