Пред 111 години на денешен ден се одиграл првиот фудбалски натпревар во Македонија

На денешен ден пре 111 во Македонија се одиграл првиот фудбалски натпревар, па затоа денес е историски ден за македонскиот фудбал. На 9-ти април во 1909 година се одиграл првиот натпревар на териоторијата на нашата земја и тој ден е прогласен како „Ден на македонскиот фудбал“.

Натпреварот се одиграл од страна на турски офицери и војници кои одиграле натпревар на импровизирано игралиште на полјаната зад Учителската школа во населбата Ислахане (Идадија) во Скопје.


А потоа две години подоцна бил формиран првиот фудбалски клуб кој го носел името Ускип (Скопје). За потоа да следуваат формирања на СК Скопје во 1912 година, Пелистер во 1914 година и Војновиќ 1915 година.

Како прв официјален натпревар кој се одиграл кај нас се смета натпреварот на 20-ти април 1919 година кога англиската војска играла против СК Напредак од Скопје.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

RSS
Twitter