Првата пратеничка од редовите на СДСМ која е позитивна на Ковид-19 е..

Пратеничката Кети Смилевска, од редовите на СДСМ, е позитивна на корона вирусот, пишуваат од Канал 5 телевизија.

Во саботата таа била хоспитализирана во болницата во Прилеп, кога и се влошила здравствената состојба. Смилевска за Канал5 открива дека се наоѓала во самоизолација веќе цела месец, заедно со нејзините деца, а единствено, поради работни обврски, излегувал од дома нејзиниот сопруг.

Смилевска вели дека не знае како се заразила, а епидемиолозите ги утврдуваат нејзините контакти. Ги имала сите симптоми, и покачена температура и кашлица, но додава дека во моментов се чувствува многу подобро. Воедно упати апел сите граѓани да се свесни за сериозноста на состојбата и да ги почитуваат мерките.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

RSS
Twitter