Починал пред неколку месеци – Машко тело во фаза на распаѓање пронајдено во Скопје

Пронајдено е безживотно машко тело во фаза на распаѓање кај поранешната сендвичарница „Густав“ на улица „Дрезденска“ во скопската насела Тафталиџе.

Неофицијално станува збор за сопственикот А.Р. кој престојувал во објектот на некогашната сендвичарница, каде имало импровизиран кревет на кој спиел.

На социјалните мрежи соседите пишуваат дека телото попладнево било изнесено од сендвичарницата која се наоѓа на аголот спроти основното училиште „Војдан Чернодрински” и дека станува збор за сопственикот, кој наводно починал пред неколку месеци.

Тој спиел во сендвичарницата на импровизиран кревет, каде бил и пронајден. Претпоставките се дека го пронашол случаен минувач.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

RSS
Twitter