Починал лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг Ун – пишуваат светските медиуми

Се шпекулира дека лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг Ун е мртов. Овие вести ги пишуваат медиумите во Хонг Конг, додека пак едно јапонско списание известува дека водачот на Северна Кореја е во „вегетативна состојба“, откако бил на операција на срцето.

Според заменик директорот на HKSTV Hong Kong Satellite Television, телевизиска мрежа поддржана од Пекинг во Хонг Конг, тврди дека Ким е мртов, наведувајќи „многу цврст извор“. Нивниот пост на кинеската апликација за пораки „Веибо“ е широко споделена на социјалните медиуми, се вели во извештајот во „Интернационален бизнис тајмс“.

Другите непотврдени извештаи, припишани на високи партиски извори во Пекинг, соопштија дека операцијата за вметнување на стент тргнала наопаку, бидејќи на хирургот многу му се треселе рацете, пишува Њујорк Пост..

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

RSS
Twitter