Пост-празничен секс е “диетата” со која ќе ги согорите вишокот калории
Богата новогодишна трпеза, а на неа разни сирења, кифлички, руска салата и што ли уште не… кој може да одолее?! Ефектот на здебелување го забележувате дури после празниците, а во главата ви поминуваат триста диети за намалување на килограмите. Ние го имаме решението!
Пост празничниот секс е најдобрата “диета” која ќе ви помогне на вас и вашиот партнер да ги согорите калориите кои ги додадовте за празниците.
За да согорите 460 калории кои се еднакви на две парчиња месо, потребно е да имате секс час и половина. Додека пак за 30 калории или едно чоколадо потребно е истото да го правите еден час и шест минути.
Затоа пресметајте во внесот на калории во вашиот организам и накратко пресметајте колку часови секс треба да имате за да се вратите во нормала.
Доколку сте биле прејадени на новогодишната ноќ, која во просек има 2.300 калории, потребно е да водите љубов дури седум часа.
Користете го времето рационално и трошете ги вишокот калории правилно.