Поранешниот светски фудбалер Ронадлињо уапсен! – ЕВЕ ЗОШТО!

Светскиот фудбалер, Роналдињо  кој воедно е и поранешната ѕвезда на Барселона и неговиот брат Роберто Асис се уапсени во Парагвај поради влез во земјата со фалсификувани пасоши.

Од надлежните институции на Парагвај информираат дека истражители упаднале во претседателскиот апартман во хотелот во кој бил сместен фудбалерот и при претресот на истиот пронајдени се лажните документи.

Според пишувањата, Властите во Парагвај за фалсификуваните документи знаеле уште при пристигнувањето на Роналдињо на аеродромот во Парагвај, но но е задржан за да се избегне медиумска помпа и снимање материјали од останатите патници. Уапсен е и Вилмондес Соуса Лира, човекот кој на Роналдињи и неговиот брат им обезбедил лажни документи. Денеска Роналдињо и неговиот брат треба да се појават пред истражен судија.

Роналдињо вчера пристигнал во Парагвај се со цел да ја промовира новата книга „Гениј на животот“, но и за учество во хуманитарна акција која ке биде одржана овој период.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

RSS
Twitter