Поднесена кривична пријава против поранешната директорка која е заразена од вирусот, а извршиваше работна дејност знаејќи дека е заразена

Од страна на МВР поднесена е кривична пријава против поранешната директорка на Клиниката за дерматологија. Директорката Нина Цаца Билјановска која ги прекрши препораките на Владата по враќање од Италија, која не се самоизолирала ке се соочува најверојатно со кривична пријава.

Поранешната директорката се вратила од Италија на 29 февруари, денес извести техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев. Таа одела на работа и присуствувала на симпозиум на кој присуствувале повеќе од 100 здравствени работници, а поради контактот кој го имсле со неа во изолација се ставени околу 200 лица.

„Поранешната директорка направила влез во државава на 29 февруари. Против нејзе и против сите лица кои не ги почитуваат препораките, согласно членовите 205 и 206 од Кривичниот законик е поднесен соодветен поднесок до Обвинителството“, рече денес министерот за внатрешни работи Наќе Чулев.

Според член 205 од Кривичниот законик на држават кој се однесува на кршење прописи или наредби со што се предизвикува пренесување заразна болест, епидемија или пандемија, а по член 206 се казнува сторител кој за време на епидемија на опасна заразна болест не постапил според прописите или наредбите со кои се определуваат мерки за нејзино сузбивање или спречување.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

RSS
Twitter