ПОБЕДА: Се излечи единствената пациентка заболена од коронавирус во Македонија

Tуристите од Австралија и Сингапур кои беа тестирани од коронавирус во Скопје, немаат коронавирус, соопштија од Министерството за здравство.

Утрово по пријава која беше поднесена од страна на вработени од хотелот во кој биле сместени во центарот на Скопје, епидемиолозите од Центарот за јавно здравје Скопје од пациентите земаа брисеви за тестирање во нивната хотелска соба.

Исто така од министерството информираат дека денеска е направен контролен тест и на единствената заболена пациентка од коронавирус и тој се покажал негативен.

„Тоа значи дека опаѓа нејзината инфективност, но согласно процедурата, истиот ќе биде повторен по 48 часа. На коронавирус е негативна и нејзината ќерка која исто така денеска беше тестирана“, додаваат од Министерството за здравство.

Министерот Филипче денеска побара од Владата да донесе одлука до 13 март да важи забраната за организирање јавни настани , а спортските натпревари да се одржуваат без публика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

RSS
Twitter