Пишуваме историја – „Медена земја“ со две номинации за „Оскар“
„Медена Земја“ филмот на режисерите Љубомир Стефанов и Тамара Котевска e номиниран во две категории на престижните награди „Оскар“. За првпат во македонската историја на кинематографија се случува еден филм да влезе на листата во две категории – за најдобар странски филм и најдобар документарец.
Македонија за престижната статуетка се надеваше со филмот „Пред дождот“ на Милчо Манчевски кога беше номиниран во категоријата најдобар странски филм.