Пет совети како да имате подобар секс со кондом!

Сепак, може да се најдат начини за да уживате и во сексот со кондом, па дури во некои случаи и повеќе отколку без него.

Користењето заштита при сексуалната активност не секогаш знае да биде пријатна, ниту пак посакувана, но секогаш е препорачана. Сепак, за да уживате во сексот без кондом може да се најдат начини како да го направите тоа, во некои случаеви дури повеќе отколку без него.
Ова се 5 начини со кои сексот со кондом може да ви биде подобар:

1. Ви помага да се опуштите

Стресот дефинитивно може да го уништи сексот, а некористењето кондом, дефинитивно е еден од најголемите стресови. Прашањата и стравот во главата околу несаканата бременост и сексуално преносливите болести, создаваат паника. Поради тоа не може целосно да се препуштите и да уживате. Затоа, подобро ставете кондом и уживајте.

2. Користете го за да ја зачините предиграта

Кондомот може да го користите на разни начини и да си играте со него. Еден од предлозите е доколку женската половина успее само со усните да го навлече кондомот врз машкиот полов орган.

3. Може да ја продолжи акцијата

Тој мал недостаток на директен контакт може да биде корисен за вас. Мажите кои се склони кон прерана ејакулација или оние кои сакаат да уживаат подолго во односот, би требало да користат кондом. Со негова помош ќе ја одложите ејакулацијата и уживањето.

4. Мал трик за големо задоволство

Додајте некоја капка лубрикант во внатрешноста кондомот и задоволството ќе ви биде двојно поголемо.

5. Употребете го од почит

Се покажало дека мажите кои купуваат кондоми се далеку поодговорни и повеќе им се допаѓаат на жените. Користењето кондом се смета за знак на почит.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

RSS
Twitter