Пет лица починати и 29 нови случаи позитивни на вирусот во земјава

Денес на Клиниката за инфективни болести во Скопје починале четири пациенти од кои 52-годишен Кумановец, 65-годишна жена од стручко село, 62-годишник од Челопек и 81-годишна штипјанка. Кумановец на возраст од 53 години, позитивен на вирусот, починал во својот дом.

Најголем дел од новопотврдените случаи на болни, петнаесет, се во Скопје, седумина од Куманово, по три нови случаи има во Струга и Кочани и еден во Прилеп.

Со ова вкупната бројка на болни од ковид – 19 во земјава се искачи на 599 од кои најголем дел се во Скопје, а потоа следува Куманово и Дебар.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

RSS
Twitter