Пад на бројот на ново заразени со Ковид-19 во земјава

Од Министерството за здравство излегоа со информација дека во изминатите 24 часа се регистрирани 12 нови случаи на коронавирус во земјата и тоа: Скопје (7) и Куманово (5). Со оваа бројка во однос на предходното деноноќие се забележува пад на кривата на ново заразени.

Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска до 12.00 часот изнесува 148 лица од кои 1 излекуван и 2 починати пациенти.

Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во:
– Скопје (88)
– Дебар (40) – од кои 1 починат
– Куманово (8) – од кои 1 починат
– Штип (7)
– Кавадарци (2)
– Охрид (2)
– Гостивар (1)

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

RSS
Twitter