ОЈО Скопје донесе одлука притвор? – Поради тоа што силувал 12 годишно девојче од невенчаната сопруга

Основното јавно обвинителство во Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против лицето кое е осомничено дека сторило кривично дело – Полов напад врз дете кое не наполнило ниту 14 години од член 188 став 1 од Кривичниот законик, соопшти обвинителството.

„Осомничениот, на 10 февруари, во напуштен објект позади прифатниот центар за бездомници ‚Ранка Милановиќ’ во Скопје извршил полови дејствија врз дете на возраст од 12 години. Тој жртвата, инаку негово вонбрачно дете со кое живеел во иста семејна заедница, ја зел во возило со изговор дека ќе ја носи во училиште, но ја однел во напуштениот објект, каде ја принудил на полови дејствија“.

велат од Обвинителството

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје доставил Предлог за определување мерка притвор за осомничениот, поради опасност од бегство, можност за влијание врз сведоци и особени околности кои го оправдуваат стравот дека би можел да го повтори делото.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

RSS
Twitter