Осум години затвор доби екс-градоначалникот на Битола, Владимир Талевски

Денес Кривичниот суд ја објави пресудата бо врска со случајот Транспортер.

Судијаката Добирила Кацарска на поранешниот графоначалник на Битола, Владимир Талески му пресуди осум години затворска казна.

Додека тогашниот вработеб како финансиски раководител во општината доби шест години и шест месеци затвор. Меѓу две и три години затвор добија вкупно десет застапници на таранспортните фирми. Условна казни добија директорите на основните и средните училишта, но и некои управители на повеќе фирми.

При презентирање на пресудата судницата била скоро прзна. Во кривичниот суд денеска не дојде првообвинетиот Талески, а во судница беа само двајца обвинети и четворица адвокати.

Предметот за ученичкиот транспорт во Битола го отвори Специјалното јавно обвинителство, а потоа го презеде редовното обвинителство. Обвинението го застапуваат обвинителите Трајче Пеливанов и Љубомир Лапе. Вкупно дваесет и едно лице се обвинети за злоупотреба на службената положба, кои со превозот СЈО штетата ја процени на околу 288.000 евра.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

RSS
Twitter