Околу 200 наши граѓани кои биле заглавени на Унгарско – Српската граница, ќе бидат ставени во групен карантин во касарна во Македонија

Вкупниот број на заболени во државата е 26 истакна министерот за здравство Венко Филипче, од кои 17 се хоспитализирани во Скопје и 9 во Дебар. Капацитетот на Клиниката во Скопје е целосно спремен, како првиот така и вториот кат.
Околу 200 грагани кои биле заглавени на Унгарско – Српската граница со организиран превоз се превезуваат до граничниот премин Девебаир, при што на влезот во Македонија ќе бидат евидентирани и ќе бидат ставени во групен карантин во касарната на Пепелиште која е целосно спремена со медицински персонал и храна.
Епидемијата е во силен ек, ќе има свој врв, но потоа и намалување на случаевите. – истакна Венко Филипче.
Најбитно е да се спречи локалната трансмисија, превземени се мерки се со цел да застанеме на патот на ширење на вирусот.
Во прилог повеке информации на следното видео од прес-конференцијата на министерот за здтавство:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

RSS
Twitter