Од утре официјално завршува полицискиот час

Премиерот Оливер Спасовски објави дека од утре, 27 мај целосно престанува важењето на одлуката за забрана и посебен режим на движење на територијата на Република Северна Македонија.

„Од четврток, 28 мај, отпочнуваат со работа угостителските објекти, со прецизно утврден соодветен протокол за нивна работа во отворените делови, односно терасите на овие објекти. А работата во затворените делови и во објектите кои немаат тераси ќе се регулира во наредната фаза“, рече Спасовски.

Од 1 јуни се укинуваат мерките кои се однесуваа на вработените за поинакво организирање на работата.

Владата ја задолжи Комисијата за заразни болести да подготви препораки за отворање на границите во наредниот период и отворање на хотелите.

Спасовски рече дека состојбата со епидемијата е под контрола и бројот на новодијагностицираните е стабилен, а тие се дел од познати кластери.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

RSS
Twitter