Од полноќ нов значителен пад на цените на горивата

Денес беа објавени новите цени ма горивата оф страна на Регулаторната Комисија за Енергетика, кои од вечерва се намалуваат за, 3.00, 4.50, односно 5.00 денари!

Од вечерва на полноќ малопродажните цени на горивата се намалуваат во просек за 9.18%. Соодветно на тоа, цената на ЕУРОСУПЕР-95 се намалува за 5.00 денари и еден литар 95-октански бензин ќе чини 49.50 денари. Цената на ЕУРОСУПЕР-98 се намалува за 4.50 денари, и еден литар 98-октански бензин ќе чини 52.00 денари.

Цената на ЕУРОДИЗЕЛ горивото се намалува за 3.00 денари, и еден литар дизел гориво од вечерва на полноќ ќе чини 45.50 денари.

Новите цени стапуваат на сила вечерва на полноќ.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

RSS
Twitter