Од денес личните карти и возачките дозволи ќе бидат доставувани на домашна адреса од страна на МВР

Личните карти и возачките дозволи од денеска ќе има можност да се достават на домашна адреса на граѓаните. Ова не важи и за пасошите за кои е потребно да се остави отпечаток на прст при подигање на документот.

Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев најави дека од денеска ќе биде сменет правилникот за да се овозможи оваа услуга.

Тој во саботата на прес-конференција информираше дека дадени се конкретни упатства до Одделот за управни работи како да се однесуваат во ситуација со коронавирусот односно да се почитува соодветното растојание кога граѓаните поднесуваат барања за документи. Дадени се и конкретни насоки за дезинфекција на уредите каде на граѓаните им се зема отпечаток од прст

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

RSS
Twitter