Овие лица ќе се најдат на листите на СДСМ на претстојните парламентарни избори

На синоќешниот Конгрес на Социјал демократскиот сојуз на Македонија, позади затворени врати се утврдуваа имињата кои ке се најдат на кандидатските листи на СДСМ за претстојните парламентарни избори, кои ќе се одржат на 12 април годинава.

Во изборна единица број 1, ќе се најдат Никола Димитров и Мила Царовска, во ИЕ 2, Оливер Спасовски кој заедно со Сања Лукаревска ќе ја предводат “двојката”. Во ИЕ broj 3, носител ќе биде Љупчо Николовски заедно со Јагода Шахпаска, која веќе неколку мандати е дел од собранието на дрѓавата. Во 4 ИЕ, носител ќе биде претседателот на владеачката партија СДСМ – Зоран Заев, заедно со Соња Мираковска. Додека во ИЕ 5 ќе бидат Радмила Шеќеринска и Јован Митревски, а ИЕ 6, ќе биде предводена од Билал Касами и Фаница Николовска.

Трет на листата на СДСМ во ИЕ 1 ќе биде Дамјан Манчевски, а на листата се најдоа и Мери Георгиевска, Даниела Николова, како и Дарко Каевски.

Мухамед Зекири е трет на листата во ИЕ 2, па потоа Славјанка Петровска и Санела Шкријељ, а во третата изборна единица на листата е Сашо Николов, Ненад Коциќ, Марија Ангелова, Зекир Рамчиловиќ, Емилија Рамбабова.

Во ИЕ 4, на листата избрани се Миле Талески, Даниела Колева, Панчо Минов и Лолита Роистова. Во ИЕ 5 на листата се Бисера Костадинова, Лазе Танески, Един Јакуповиќ, а изборната единица 6 ќе биде наменета за коалиционите партнери.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

RSS
Twitter