Нов сомнителен случај на Корона вирус се тестира во Скопје
Уште еден пациент е примен на Инфективната клиника во Скопје кој допатувал од Дубаи пред неколку дена по шестдневен престој таму. Лицето има симптоми слични како на грип и во овој момент се прават тестовите и за околу 3 часа резултатите ќе бидат готови.
Филипче Венков посочи дека во текот на денот ќе биде извршена дистрибуција на информативен и заштитен материјал, на сите гранични премини и како и на аеродромите во Скопје и Охрид.
-Сакам да информирам и дека има доволна количина на маски, мантили, скафандери. Количини кои ќе се дополнат во наредниот период.
нагласи Филипче