Нови 34 лица се ставени во домашна изолација порди корона вирусот

Сопружниците кои се заразени со корона вирус од дебарскиот регион се во стабилна состојба и изолирани на Клиниката за инфективни болести. Десет лица со кои мажот и жената биле во контакт во изминатите неколку дена, откако се вратиле од Италија ќе бидат во домашна изолација и под здравствен надзор. Истата мерка министерот за здравство ја најави и за останати 24 патници кои биле во автобусот кој на 27ми минатиот месец стигнал во земјата. Еден од патниците во автобусот бил албански државјанин и надлежните органи веќе ги ивестиле тамошните власти. Возачот, пак, повторно бил во ризичниот регион и веќе се вратил со нова тура на патници. Во дебарската болница лекарите носеле заштитна опрема а сега се истражува колку пациенти овој период побарале лекарска помош во ординацијата каде првично биле заболените.

– Докторите имаат заштитна опрема и тоа веќе го проверивме. Втората линиоја на зараза е многу мала но сега и тоа го прават епидемиолозите тие контактите со кои се други контактирале. И врз основа на проценка на ризикот ќе се донесат мерки ако треба. И за лекарите важи ако биле во контакт со некој заболен да бидат во домашна изолација, истакна Венко Филипче.

Патниците од автобусот се од Скопје, Тетово, Дебар, Охрид и Велес и домашната изолација ќе биде обезбедувана со полиција. Ниту еден од патниците немал симптоми, но како што велат здравствените власти мора да бидат под надзор додека трае инкубацијата. Министерот Филипче вели дека не ја исклучуваат можноста од прекршочни мерки додолку не се почитуваат препораките на заштита од корона вирусот.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

RSS
Twitter