НЕ СЕ ЗНАЕ КОЈ КОГО ТЕПА – Хаос во НЦАА – [ВИДЕО]

Локалните ривалства секогаш привлекуваат посебно внимание. Така беше и на дуелот меѓу универзитетите Канзас стејт и Канзас во НЦАА лигата. Од резултатски аспект, дербито немаше неизвесност, затоа што Канзас победи убедливо со 81:59.

Сепак на крајот се случи вистинска драма. Се играа последните секунди од средбата, кога Дажуан Гордон се обиде да ја положи топката во кошот, кога Силвио де Соуса успеа да го блокира. Освен што го блокираше, Де Соуса го исфрли Гордон и надвор од теренот, а потоа започна и да го провоцира. Тоа беше доволно за да започне мешаница и тепачка во која се вклучија поголем дел од играчите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

RSS
Twitter