“Не му го посакувам ни на најлошиот непријател!” – Исповед на заболен со Ковид-19

Настаните почнале да се одвиваат на 5 март, додека бил на работа се чувствувал добро, но кога се вратил дома имал температура повисока 38.

Италијанецот фудбалер Фаусто Русо (38), кој е кондиционен тренер по фудбал е еден од речиси 80.000 заболени од КОВИД-19 во Италија.

Тој е спортист, не пуши цигари, не пие алкохолни пијалоци, постојано оди на рутински прегледи секои шест месеца и никогаш немал здравствени проблеми. Но, за жал, се заразил со вирусот корона.

Таткото на две деца дал телефонско интервју од својот болнички кревет во Латина, град оддалечен 70 километри југоисточно од Рим, опишувајќи ја суровата реалност на животот со корона.

Температурата не се спуштала
„Се јавив на лекар и ми препиша лек за снижување температура. Но како што минуваа деновите, не се спушташе и имав се’ повеќе потешкотии со дишењето, додека не ме зафати сериозна респираторна криза ноќта во саботата“, почнал Росо и продолжил.

„Тогаш сфатив дека тоа не е само грип. Се’ ме болеше и едвај дишев.“

Брзата помош дошла по него во 14 часот неделата, а здравствените работници имале заштитна опрема.

Сопругата Росела се обидела да го смири нивниот најмал син.

„Гледај, стигнаа војниците од ’Војна на ѕвездите’ и тие ќе го претворат татко ти во суперхерој“, му кажала.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

RSS
Twitter