Непознавањето на основите за одржување на автомобилот се голем проблем за младите возачи

Цели 44 проценит од возачите кои се на возраст од 18 до 24 години не знаат многу за автомобилот, не знаат да ја проверат длабочината на каналот на гумите, а возењето со излижани гуми односно со преплитки канали е казниво и пред сè многу опасно. Може да де каже дека младостa секогаш е секаде иста, па нема голема разлика меѓу Британците и жителите на земјите од Балканот.

Во Британија една лизинг куќа Select Car Leasing има спроведено истражување и дојде до интересни заклучоци. Скоро 44 процени од возачите на возраст од 18 до 24 години не знае да ја провери длабочината на каналот на гумите.

Истиот проблем го пријавиле диру 11 проценти од возачите кои се постари од 65 години. Дури 27 проценти од младите возачи не знаат да го проверат притискот на гумите, што е повторно безбедносен проблем, но и преслабо напумпаните гуми можат да ја зголемат потрошувачката на горивото.

Истиот процент на млади возачи, односно 27 процени не знае да го провери нивото на масло во моторот. Секако, во Велика Британија животниот стандард е многу поголем отколку на Балканот, па младите возачи веројатно можат да си дозволт автомобил, но и ова е предупредување за младите возачи. Пред сè треба да се информираат за основните прегледи на возилото поради безбедност во сообраќајот, но и поради избегнување на непотребни трошоци.

Важно е повремено да се проверува состојбата на моторот, нивото на маслото, на течноста во ладилникот, сопирачките, за миење стакло. И за сето ова не треба голема филозофија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

RSS
Twitter