Нема запирање на нормалниот живот – Кој е ризикот после првиот случај на корона вирус?

Прв случај потврден на корона вирус не значи запирање на одвивањето на нормалниот живот, истакна Оливер Спасовски. Кажа дека нема откажување на спортските натпревари, нема запирање на јавниот превоз и откажување на јавни настани.

„Во овој момент проценките се дека ние немаме никаква причина да носиме одлука која што ќе значи запирање на нормалниот живот. Носењето на одлуки за откажување на поголеми собири, запирање на организираниот превоз и сите други аспекти, ќе зависи од конкретната состојба. Сите заедно треба да придонесеме да не нѐ поведе емоцијата пред разумот, паничните реакции пред она што е реалност. Институциите имаат прва и основна грижа во вакви ситуации“

рече премиерот Спасовски

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

RSS
Twitter