Најнови вести: Две родилки од Дебар се ставени во изолација и им се врши тестирање од коронавирус

На прес – конференцјата која ја одржа министерот Венко Филипче ја информираше јавноста во врска со состојбата за 14 пациенти кои се наоѓаат на клиниките во Скопје, дека се во стабилна состојба освен онаа пациентка која е приклучена на механичка вентилација и истакна дека утре ќе биде испуштена пациентката која беше прва заразена од корона вирус во Македонија.
На испитување се донесени 7 пациенти кои се од Штип, Куманово, Тетово и Охрид, кои престојувале во Швајцарија, Австрија и Германија. Има две родилки кои се донесени од Дебар кои се во оддел за изолација и се во стабилна состојба, на кои треба да им се направат тестови.
Во државата има околу 120 респираторни машини.
На денешниот состанок донесена е одлука, прво дека целиот персонал во јавните и приватни болници се ставени на располагање.
Министерот апелираше граганите да се придржуваат кон мерките за заштита и спречивање на ширењето на вирусот.

Во прилог можете да ја проследите пресконференцијата на министерот за здравство:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

RSS
Twitter