НАЈВИСОКА СНЕЖНА ПОКРИВКА ИЗУТРИНАВА Е ИЗМЕРЕНА ВО МАВРОВИ АНОВИ

Највисока снежна покривка од 24 сантиметри изутринава е измерена во Маврови Анови.

Според соопштението на УХМР, следат Попова Шапка и Пожаране со девет сантиметри, осум во Ѓуриште, седум во Лазарополе, два во Претор и Тополчани и еден сантиметар во Берово.

По котлините во поголемиот дел од денот ќе има појава на магла и ниска облачност. Во останатите делови ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Максималната температура ќе биде во интервал од три до 11 степени. Во Скопје со дневна температура до пет степени Целзиусови.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

RSS
Twitter