Нашите женички тргнаа во странство за да го прослават празникот 8-ми март

Кога најголем број луге ширум светот се во паника поради коронавирусот и покрај прпораките да не се патува доколку тоа не е неопходно сепак нашите сограѓанки решија да им се спротивстават и на вирусот и на препораките, па решија да си го прослават празникот на жената во странство.

Денес од повеќе градови во државата нашите сограѓанки со организирани тури се упатија кон најголемите европски метрополи

Министерот за здравство, Венко Филипче апелираше на неколку наврати да не се патува во ризичните регионо, но и на други места доколку тоа не е неопходно. Се откажаа културни настани во нашата држава, а спортските се играат без публика.

На граничните премини се очекува да има зголемена фрекфенција на патници, а поради ситуацијата која е моментална, се очекува да има нешто поголеми задржувања од вообичаените.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

RSS
Twitter