Нашите граѓани останаа да го “истражуваат” Истанбул, не сакаа да се вратат бидејќи ги чека карантин во Македонија

Никола Димитров во своето обраќање кажа дека нашите граѓани кои се заглавени во Истанбул вчера не се качиле на хуманитарниот лет кој бил организиран од страна на Црна Гора, а било договорено да се превезат до Македонија.

-Откако ги изестивме заглавените на аеродромот во Истанбул дека ќе се вратат назад со помош на Владата на Црна Гора, ама ќе бидат во задолжителен карантин, наидовме на проблем. Не сакаа да се вратат – рече министерот.

Димитров додаде дека продолжуваат да работат на нивно враќање дома но и да ја почитуваат мерката на владата од задолжителен карантин од 15 дена штом пристигнат во земјава.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

RSS
Twitter