НАСА: Чадот од пожарите во Австралија ја обиколил целата земја – [ВИДЕО]
Научниците од НАСА предупредија дека чадот од пожарите во Австралија направи најмалку еден полн круг околу светот и се врати повторно од каде што тргна.
Пожарите кои што го зафатија, а воедно и го опустожија источниот дел на Австралија, доведоа до ширење на чадот над Пацификот. Американската вселенска агенција НАСА излезе со соопштение дека околу нова година чадот стигнал дури до Јужна Америка, а дека до 8 јануари веќе ја поминал и половина планета.

Кога чадот ќе се најде во стратосферата, може да патува илјадници километри, менувајки ги атмосферските услови на глобално ниво, посочуваат од НАСА.
Според нив како влијание на чадот бојата на небото над Јужна Америка ја променило својата боја, а воедно било регистрирано и загадување на воздухот во Нов Зеланд, кое допринело до потемнување на снегот на планината.

Се превземаат мерки и се дејствува на терен за гасење на пожарите, а воедно и сите се молат за обилни врнежи кои најмногу ќе помогнат при гасењето на истите.