Мукоски за “крвавиот четврток”: Си го одлежав своето за тоа што отварав врати за демонстранти да влезат во собранието

Само што започна седницата на која треба да се гласа законот за јавно обвинителство, повторно е прекината, откако Емилија Александрова побара пауза, поради, како што кажа, некоректниот однос.

Имено, атмосферата во салата ексалираше кога дел од осумтемина „независни“ пратеници, кои гласаа за промена на Уставот и името, а сега ќе гласаат и за насила протурканиот предлог-закон за јавно обвинителство, се побунија кога беа прозвани од страна на пратеникот Антонио Милошоски.

Крсто Мукоски за нас е колега. Но, за СДСМ, за Дескоска, за Ременски, за Зекири, Крсто Мукоски беше терорист. Тоа го кажаа. Сега, Крсто Мукоски за нив е реформист. Сега нема проблем што зема тендери. Пред да гласа, ќе го чешлаа заради тендери

 рече Милошоски

На ова, амнестираниот Крсто Муковски рече дека смета дека си го одлежал своето за „таа несвесна грешка што ја направив“, алудирајќи на настаните од 27 април.

Во ВМРО-ДПМНЕ се останати само криминалци, додаде амнестираниот вратар.

На крај и Сашо Василевски со пцовки, навреди и дерење се обрати кон Милошоски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

RSS
Twitter