Монструм: Јанкулоска не се сеќава на ништо, ниту на средбите, а ниту на „бомбите”!

Гордана Јанкулоска која во 2012 беше министерка за внатрешни работи имала информација за убиството на четирите момчиња и рибарот на Смилковскоро езеро дека станува збор за крвна одмазда, имотен спор или лична пресметка

Нејзиното сведочење на денешното рочиште за предметот „Монструм” рече дека некои од информациите биле одма отфрленин, а дел земени како вистинити.

Фатиме Фетаи и постави прашање дали се сретнала со Сашо Мијалков, бидејќи во „бомбите” од 29 јануари 2013 година кои биле пуштани во судот тој и рекол дека има анализа за случајот и дека ќе и ја презентирал, Јанкулоска рече дека не се сеќава дека присуствувала на таква презентација.

Обвинителката ја потсети дека и меѓународни претставници присуствувале на таа презентација, а Јанкуловска, и рече дека таа имала повеќе состаници со нив па не се сеќава за таа средба.

Фетаи ја праша Јанкулоска дали се сеќава дека разговарала за политички консултации околу екстрадиција на осомничените со екс министерот за правда Блерим Беџети, каде се „пазарат” дали да се донесат осомничените пред или после изборите, Јанкуловска рече дека таа имала повеќе разговори и дека се консултирала за активностите околу случајот, а не политички.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

RSS
Twitter