МОМЧЕТО ШТО ГО ФАТИ КРСТОТ ВО ДЕЛЧЕВО НАГРАДАТА ЈА ДОНИРАШЕ НА СЕМЕЈСТВО – Хуманоста пред се! [ВИДЕО]

Дека хуманоста е одраз на големите луѓе денес се докажа уште еднаш со хуманиот гест на среќниот фаќач на крстото во Делчево, Васе Панчовски. Панчовски заедно со неговата група одлучија денешната освоена награда, телевизор која ја доделува компанијата Зегин, да го подарат на семејство од Делчево.

-Како учесник во годинешните Водици, заедно мојата група одлучивме наградата телевизор која како среќен фаќач на крстот ја доделува Зегин да ја подариме на некој на кој стварно му треба. Во консултација со мои другари решивме да го доделиме на ова семејство. Во чест на празникот доделивме и икона Богојавление. Нека им е честит празникот на сите граѓани, истакна Панчовски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

RSS
Twitter