Момци опседнати сте со големината на вашиот “АЛАТ”? – Ова мора да го знаете!

Нарушување на перцепцијата на големината на половиот орган кај мажите е наречена пенилна дисморфија.

Просечната должина на пенисот во ерекција е 14 цм. Истражувањето кое е направено во 2006 година, кое вклучува 25 илјади мажи, покажува дека скоро една половина од испитаниците биле незадоволни од големината на нивниот полов орган. Најголем дел од мажите имаат големина која спаѓа во границите на просекот. Желбата да се има поголем полов орган кај мажите е негативна последица на светот во кој живееме, каде се наметнуваат нездрави параметри, вредности, принципи, очекувања. Па затоа, можеме да речеме дека тивкото посакување вашиот полов орган да е само малку поголем, е нормална работа.

дисморфија
Што е пенилна дисморфија?

Но, постојат случаи каде фиксацијата на желбата за поголем полов орган достигнува нездрава точка на опседнатост и влијае негативно врз сексуалниот живот на мажот. Дијагноза на ваквата состојба е дадена неодамна и се нарекува растројство на пенилна дисморфија. Станува збор за истата состојба како дисморфија на телото, но овој пат фокусот е ставен само на половиот орган. Дисморфијата на телото е кога имате нарушена перцепција за тоа како изгледа вашето тело. Тука, станува збор само за половиот орган. Мажот го гледа својот сосем нормален пенис, а наместо тоа, тој гледа нешто сосем поинакво што предизвикува стрес, анксиозност и депресија кои влијаат на повеќе аспекти од животот. 

Порнографијата е дел од проблемот

Експертите велат дека најголемата причина за појава на ваквото нарушување на перцепцијата е порнографијата, каде постојано се провлекува пораката дека поголемото е подобро и дека големината на половиот орган е мерна единица за мажественост. Тоа не значи дека сета порнографија е лоша, но кога гледате полови органи со големина на сурла кои активно работат 45 минути – треба само малку поголема лабилност и несигурност за да се создаде вакво растројство. 

Сепак, станува збор за релативно рано откриена дијагноза за која се неопходни многу истражувања. Но, нетретирањето на ова нарушување може да влијае врз квалитетот на животот, романтичните и сексуални врски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

RSS
Twitter