МОМЦИ ОВА ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: Еве како влијае Ковид-19 врз сексуалното здравје кај мажите кои биле позитивни на вирусот

Во една студија која е направена во Кина, откриено е кои се можните ефекти од коронавирусот врз машките хормони кои би можеле да доведат до сексуални проблеми кај мажите, пренесуваат од порталот Експрес.

Познато е дека мажите се многу по подложни на вируси и поголема е стапката на смртност во однос на жените кај кои овој вирус наводно може да остави некои последици врз сексуалното здравје, пренесува порталот.

Во истражувањето кое е направено во болница во Вухан учествувале вкупно 81 маж на возраст од 20 до 54 години. Сите испитаници биле позитивни на коронавирусот и кои биле хоспитализирани на почетокот на оваа година.

Ова истражување помогнало да се испитита нивото на тестостерон и лутеинизираниот хормон, при што нискиот однос на двата хормона можат да бидат знак на хипогодизам, а кај мажите претставува неисправена работа на тестисите или најверојатно ниско ниво на тестостерон во имплицира смалено производство на овие хормони.

Просечниот однос на заболените пациенти од коронавирусот бил 0,74 проценти што од прилика е половина од нормалното ниво.

Со оглед на фактот дека половина од овие мажи се во репродуктивна доба научниците сметаат дека повеќе внимание треба да се посвети на репродуктивниот систем.

Сепак овие резултати не се конечни, примероците на крвта не се директни докази за репродуктивните проблеми на пациентите заболени со коронавирусот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

RSS
Twitter