МИТ или ВИСТИНА: Дали топлото време ќе го уништи корона вирусот?

Се шират веsти дека со затоплувањето на времето вирусот постепено ќе прекине да се шири и постепено ќе исчензне, но сепак случаевите како што се во Јужно Азиските земји прикажуваат нешто друго.
Откако во земјите од Јужна Азија во последните неколку денови покажуваат значителен раст на заборените од корона вирус, експертите почнаа да се сомневаат во фактите кои беа презентирани дека топлото време ќе стави крај на ширењето на вирусот.
Како резултат на претходно релативно малиот број на случаи на инфекции во многу земји од Југоисточна Азија беше наведен како можен доказ дека жешкото време го потиснува Ковид-19, давајќи им надеж на Европа и Соединетите држави кои ја дочекуваат пролетта, но сепак тоа покажа дека топлото време може да игра само ограничена улога во ширењето на коронавирусот.
Некои од симптомите кои ги носи овој вирус покажуваат сличност со зимскиот грип, кој се распространува во постудени предели каде има пониски температури.
Местата каде што вирусот се покажа како најопасен, како Вухан во централна Кина, северна Италија и делови од Соединетите држави, имаат прилично слични клими и температури.
Епидемијата на САРС која траеше од 2002-2003 година својот интензитет го смали во текот на летните месеци, иако не е јасно дали тоа било поврзано со временските услови или се совпаднало со построгите интервенции во јавното здравство.
Од СЗО излегоа со соопштиение дека овој месец нема докази дека температурата ќе игра улога врз коронавирусот, но станува збор за пат кој вреди да се истражува.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

RSS
Twitter