Мизрахи: ВМРО ја подаде раката за справување со корона вирусот, но власта не ја прифати

Во вчерашното гостување во емисијата “Заспиј ако можеш”, Рашела Мизрахи, посочи за ситуацијата во која се наоѓаме, кога вирусот зема голем замав, не треба да има политизација посебно во секторот здравство.

„Во вакви ситуации не треба да има политизација, особено во здравството или образованието. Тоа се сектори каде што мораме да се однесуваме надполитички, особено во ваков амбиент. Ние сме сите граѓани на Република Македонија, сите сме засегнати од актуелната ситуација, ова не е шега и не е играчка и не треба да се бориме за политички поени и треба да си помогнеме едни на други“, појасни Мизрахи.

Мизрахи истакна дека политичката партија ВМРО-ДПМНЕ ја поддаде раката на власта, но тие не сакале да ја прифатат помошта.

„Партијата ја подаде раката, меѓутоа незнам зошто не се прифати помошта. Докторите без разлика на десна или лева идеолошка определба, треба да излезат во пресрет на вирусот за кој Светската здравствена организација прогласи пандемија и сите ќе се најдеме во тој брод кој ќе не извлече надвор од оваа криза“, нагласи Мизрахи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

RSS
Twitter