МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП – Февруари 2020

Овен

Љубов – Во февруари овните ги очекува мирен и сталожен период на љубов со партнерот. Конечно ги подобривте односите и можете малку да се опуштите. Би било убаво да одите на заедничко патување, па доколку имате можност да направите нешто, искористете го тоа. Сега е време да ги запалите старите страсти и заедно да уживате во времето. Оставете ги проблемите настрана и обидете се да се фокусирате на добрите точки на вашиот партнер. Многу овни ќе ги мачат проблемите од минатото, но кон крајот на месецот работите конечно ќе се решат. Слободните ќе имаат можност да запознаат личност што работи или живее во странство. Ако сте подготвени за врска на далечина, дајте ѝ шанса.

Работа – Овните овој месец ќе имаат шанса да блеснат на деловен план. Работевте напорно за да го обезбедите своето место и сега е вистинското време да им ги покажете вашите квалитети на сите. Како и да е, треба да бидете внимателни да не влезете во конфликт со претпоставените бидејќи тоа може да расипе сè. Во однос на финансиите, треба да ги оставите парите настрана бидејќи ќе имате голем прилив на пари во февруари.

Здравје – Променливо. Можни се чести главоболки и проблеми со ‘рбетот.

Бик

Љубов – На љубовен план биковите ги очекува период полн со изненадувања. Зафатените бикови ќе му посветат многу внимание на партнерот и неговите потреби, и ќе направат сè за да го израдуваат партнерот. Сепак, тоа нема да биде доволно бидејќи ќе има расправија барем еднаш неделно. Ако не ги решите проблемите од минатото, вашата врска може да биде во криза. Без оглед колку и да се трудите, нема да најдете разбирање од партнерот. Кон крајот на месецот ситуацијата може да се стабилизира, но само под услов редовно да разговарате за тоа што ве мачи и да избегнувате длабоки дискусии. Слободните бикови ќе уживаат во излегувањата со пријателите.

Работа – Биковите ги очекува лош деловен период во февруари. Треба да размислите за промена на вашиот бизнис. Можеби изгледа дека не постои излез од сегашната состојба, но тоа е само илузија. Треба да се фокусирате на она што го правите најдобро и да бидете упорни. Ни финансиите не се на задоволително ниво, но состојбата ќе се подобри кон крајот на месецот. Ова ќе биде тежок месец за вас и постојано ќе бидете под стрес. Сега е време да размислите како да ја подобрите моменталната состојба на умот. Кога една врата ќе се затвори, се отвора друга.

Здравје: Опуштете се и релаксирајте се.

Близнаци

Љубов – Близнаците во февруари ќе имаат можност да разговараат со својот партнер за иднината. Можно е да планирате свадба или да почнете со заеднички живот. Сигурни сте во себе и во вашите одлуки и сакате да му угодите на вашиот партнер. Можно е да купите и заеднички имот. Овој период е важен и за вас и за вашиот партнер, особено ако сакате да го проширите семејството. Исто така, многу близнаци ќе сакаат да поработат на односите со семејството и со пријателите во февруари.Сега е вистинско време да бидете заедно. Слободните близнаци ќе влезат во романтична врска со личност со која се запознале многу одамна.

Работа – Близнаците овој месец ги очекуваат разни деловни понуди. Имате можност да изберете како сакате да се одвива вашата кариера. Ќе чувствувате потреба да ги промените работите, што ќе доведе до изненадувачки одлуки кога станува збор за вашата кариера. Подготвени сте да се борите и да си обезбедите сопствени финансии. Ниту една пречка нема да биде несовладлива за вас во наредниот период. Имајте на ум дека секоја цел е остварлива. Важно е добро да го организирате вашето време и да останете фокусирани на сè што имате на ум. Направете добар план и тргнете во акција!

Здравје – Можни се проблеми со забите. Не одложувајте го одењето на стоматолог.

Рак

Љубов – Зафатените ракови во февруари ќе бидат фокусирани на себе, многу повеќе отколку на партнерот, што може да доведе до заладување на односите и оддалечување. Важно е да му објасните на вашиот партнер зошто понекогаш сакате да бидете сами и зошто сакате да излезете од куќата. Но, нема секој да наиде на разбирање. Можни се чести расправии и обвинувања дека можеби криете нешто или правите нешто погрешно. Иако ви треба мир во моментот, треба да разговарате со партнерот за тоа што всушност ве мачи и да се обидете да ја изедначите врската. Слободните ракови не се подготвени за сериозна врска.

Работа – Што се однесува до работата, на раковите ќе им биде дадена можност да ги покажат своите деловни вештини и стекнато знаење. Ќе бидете соодветно наградени за напорот и од вас ќе зависи дали ќе го задржите местото. Се грижите за финансиската стабилизација, така што ќе преземете многу задачи што ќе ја обезбедат вашата позиција. Ќе работите под притисок и повеќе од вообичаеното. Раковите треба да внимаваат на односите со претпоставените.

Здравје – Можни се проблеми со бубрезите.

Лав

Љубов – Ова ќе биде одлично време за сите лавови што се во брак или во врска. Ќе се чувствувате добро, а тоа чувство ќе придонесе атмосферата да биде уште подобра. Некогаш поставувате големи цели за себе и за партнерот, но во февруари ништо нема да изгледа невозможно. Ќе имате можност повеќе да излегувате и да поминувате повеќе време со семејството и пријателите. Ќе бидете задоволни и опуштени. Слободните лавови ќе уживаат во флертувањето и дружењето, но не се подготвени за сериозна врска.

Работа – Во февруари лавовите ги очекуваат големи деловни предизвици. Ако сакате да заработите повеќе пари, ќе мора да работите многу повеќе и да останете фокусирани. Ќе имате нови деловни понуди и нови соработки, кои ќе ви дадат дополнителна мотивација за работа. Сепак, треба да бидете внимателни бидејќи акумулираните обврски исто така можат да создадат голем стрес. Прифатете го само она што сте сигурни дека ќе го исполните. Ако планирате да научите нови јазици или да се запишете на факултет, ѕвездите ќе ви бидат наклонети. Во однос на образованието, ќе имате многу поголем елан за учење.

Здравје – Стабилно, но би било добро да почнете да јадете поздраво.

Девица

Љубов – Зафатените девици во февруари ќе имаат можност да поработат на односот со партнерот. Има многу неодговорени прашања и сега е време да расчистите некои работи. Проблемите од минатото нема да исчезнат сами. Бидете искрени со себе и со партнерот и обидете се да ја пронајдете позитивната страна на секоја дискусија и дајте сè од себе за да го надминете тоа што не е во ред. Останете смирени затоа што грдите зборови и кавги нема да ја променат ситуацијата на подобро. Размислете внимателно за тоа дали вашата врска има иднина. На крајот од месецот ќе биде јасно дали треба да останете во контакт или да продолжите понатаму. Слободните девици ќе се поврзат со личност со која се запознале на патување или преку социјалните мрежи.

Работа – Ќе блеснете на деловен план овој месец. Ќе ви биде понудено подобро работно место или подобра плата на моменталното работно место. Успехот на работа ќе ви донесе поголема самодоверба и ќе бидете сигурни во себе и во своите квалитети. Единствен проблем што ќе го имате овој месец е организацијата на времето. Ви се чини дека немате доволно време за одмор и забава. Повеќе ќе работите отколку што сте навикнале, но тоа ќе биде нагласено само овој месец. Ќе има време за одмор, сега е важно да се посветите на кариерата и да ги завршите обврските и задачите во зададениот рок. Тие ќе ве доведат до успех и напредок.

Здравје – Можни се болки во ‘рбетот и во вратот.

Вага

Љубов – Вагите ќе имаат многу хармонични и романтични моменти со партнерот. Расправиите и проблемите од минатото се зад вас и сега можете да се опуштите и да уживате во убави и спокојни моменти со вашата сакана личност. Многу ваги ќе имаат повеќе време да се дружат со пријателите и семејството овој месец. Би била добра идеја да најдете време за себе и да размислите што можете да направите за себе што досега не сте го направиле или сте немале време. Ново хоби или интерес. Слободните ваги ќе сретнат интересна личност со која ќе имаат многу заеднички теми.

Работа – На деловен план вагите ќе имаат можност да почнат нова соработка со старите партнери, со кои веќе работеле. Иако ова може да изгледа интересно на прв поглед, бидете внимателни и не расипувајте ги врските со тековните деловни партнери. Ова особено важи ако работите за компанија. Овој месец ќе ви се укаже можност да ја покажете вашата креативна страна, па ако сакате да цртате или да пишувате, правете го тоа почесто. Што се однесува до финансиите, состојбата е подобрена и сега можете малку да се опуштите. Дозволете си работи што ги сакате подолго време.

Здравје – Би било добро да ја проверите крвната слика.

Скорпија

Љубов – Зафатените скорпии ќе имаат можност да разговараат за идните планови со партнерот. Многумина од вас ќе размислат да го прошират семејството или заедно да вложат во некој бизнис. Ова е идеално време за зајакнување на врската со партнерот, па дури и ако почнете да реализирате заедничка идеја, тоа ќе има успешен исход. Покрај тоа, ќе има повеќе дружење и излегување, па ќе можете да се опуштите и да се забавувате. И сами сфативте дека само искрен разговор води кон стабилен и квалитетен однос, па затоа немојте ништо да криете. Слободните скорпии нема да можат да го најдат духовниот пријател. Сепак, работите ќе се сменат на крајот од месецот кога некоја личност ќе влезе во вашиот живот и ќе ги промени вашите цврсти ставови.

Работа – Овој месец можете да очекувате подобрување на бизнисот. Во минатото се обидувавте да ги покажете вашите квалитети и вложивте многу во вашето образование и работа, сега е време да наплатите за тоа. Поволната финансиска состојба исто така ќе придонесе за подобро расположение. Вие сте сигурни во себе и во она што можете да го обезбедите на работното место и сега навистина не треба да се грижите толку многу. Заборавете на стресот затоа што ви претстојат убави денови. Ако планирате нови соработки, важно е да бидете строго деловни и во никој случај да не се согласите да бидете помалку од она што го заслужувате. Останете фокусирани на вашите цели и продолжете да работите со истото темпо.

Здравје – Сега е вистинско време да почнете редовно да вежбате и да се придржувате кон правилата за здрава исхрана.

Стрелец

Љубов – Стрелците што покрај себе имаат партнер треба да обрнат внимание на додворувањата отстрана бидејќи тоа на вашиот партнер воопшто нема да му се допадне. За врската да не дојде во криза, најдобро е да се повлечете и да не го прифаќате флертот. Можни се расправии во домот и тоа околу финансиите. Лесно ќе се лутите, но важно е проблемите да ги решавате кога сте смирени и сталожени. Понекогаш е во ред да прифатите дека не сте во право и да се обидете да го промените она што можете. Слободните стрелци ќе имаат романтична врска со личност што ја познаваат долго време.

Работа – Овој месец ќе имате помалку работа од вообичаено. Сега е идеално време да размислите за вашата кариера и за тоа која професија е најдобра за вас. Во февруари многу стрелци ќе одлучат да го напуштат своето работно место и да почнат свој бизнис, што може да биде одлична деловна одлука. Мотивирани сте да учите, да се градите, да се подобрите, така што вашиот напор ќе се исплати. Добро сте организирани и не се плашите од нови обврски. Овој месец ќе биде значаен за вашата понатамошна кариера, па затоа би можело да биде добра идеја да поставите јасни цели и да работите напорно на нив.

Здравје – Се чувствувате добро и имате многу енергија.

Јарец

Љубов – Јарците што се во брак или врска овој месец може да се соочат со проблеми со партнерот. Немате доволно разбирање, што може да доведе до чести несогласувања. Понекогаш нема да признаете дека сте згрешиле и дека едноставно не сте во право. Сепак, треба да направите компромис и да ја спуштите топката. Обидете се со мирен тон да ги решите проблемите и да го слушате вашиот партнер. Само на овој начин ќе можете да ги надминете проблемите овој период. Слободните јарци во средината на месецот ќе запознаат интересна личност што ќе им го привлече вниманието.

Работа – Јарците ги очекува месец полн со фантастични настани кога станува збор за нивните кариери. Сигурни сте во своите цели и не се откажувате дури и кога ќе се појави голема пречка. Нема да има многу пречки во февруари, но ќе има предизвици. Од вас се очекува многу, па ако ги исполните овие очекувања, може да го обезбедите своето место и да бидете финансиски наградени за напорот. Овој месец не е најдобро време да почнете свој бизнис, треба да почекате малку и да продолжите да работите подетално на деловниот план.

Здравје – Можни се кардиоваскуларни проблеми.

Водолија

Љубов – Зафатените водолии овој месец се фокусирани на семејството и домот. Партнерот ви дава многу поддршка и разбирање, а најдобро од сè е што секогаш наоѓате пријател во него и добивате искрен совет. Добро би било да останете целосно отворени во таа врска бидејќи нема простор за тајни. Многу водолии кон крајот на месецот нема да бидат сигурни во своите емоции, па може да ја разнишаат врската со партнерот. Слободните водолии ќе запознаат различни луѓе.

Работа – Во февруари може да очекувате напредок во кариерата. Добрите зделки не треба да се одбијат, но важно е да размислите дали можете да прифатите толку многу заложби за вашиот љубовен живот да не биде загрозен. Ако планирате да заминете во странство на работа, сега е добар момент да го сторите тоа. Треба да внимавате на односите во колективот бидејќи многу колеги ве сметаат за конкуренција. Чувајте ги вашите деловни планови за себе и не откривајте премногу.

Здравје – Ќе бидете под стрес, па можни се несоници и лоши соништа.

Риби

Љубов – Зафатените риби во февруари нема да наидат на поддршка од партнерот каква што очекуваа. Ќе има доста љубоморни сцени и расправии. Сепак, до средината на месецот работите ќе се средат. Почувствителни сте од вообичаено и бурно реагирате. Останете смирени и не продлабочувајте ги затегнатите односи. Партнерот не го разбира вашето однесување, па затоа најдобро е да разговарате и да не криете ништо. Ова е единствениот начин да ја подобрите врската. Слободните риби овој месец ќе влезат во романса со личност што не ја познаваат долго.

Работа – Што се однесува до работата, ова е добар период за рибите што сакаат да почнат нова кариера. Ако имате добра идеја за работа, реализирајте ја. Започнувањето сопствен бизнис е нешто што многу риби ќе сакаат да го направат, па добро би било да најдете партнери кои ќе ви бидат финансиска поддршка. Здружувањето со доверливи пријатели или соработници ќе ви значи многу, а тоа може да ви донесе уште поголем успех. Финансиската состојба е стабилна, што ќе им даде олеснување на многу риби. Добро организирајте се затоа што имате многу работа.

Здравје – Можен е проблем со вишокот килограми. Почнете редовно да вежбате.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

RSS
Twitter