Маричиќ: Гоце Делчев е и важен бугарски јунак

Во интервјуто за РСЕ, Бојан Маричиќ, т.н. координатор за европски прашања во Владата, меѓу другото, на прашањето дали со новата методологија на пример се дава сигурност дека Бугарија нема да ја блокира Македонија ако не прифати дека Гоце Делчев е Бугарин:

-Мислам дека на таков начин резолутно не можеме да ги поставиме работите. Она што е важно со Бугарија е да го имплементираме договорот за добрососедство и пријателство. Во духот на тој договор е заедно да прославуваме некои личности и постојат и комисии кои работат на тоа, политичките водства работат на тоа и не верувам дека се работи за тоа да се утврди или признае дали Гоце Делчев е Бугарин, туку многу повеќе од тоа како може да го направиме уште повеќе Гоце Делчев да биде симбол на спојување, бидејќи за нас е секако многу важен македонски јунак, за Бугарија е исто така важен бугарски јунак. Мислам дека тоа е личност која може да нè спојува, би било навистина гревота да не раздвојува. Целта на Договорот за пријателство и добрососедство е да изгради доверба, пријателство и од една страна да се признае заедничкиот дел од историјата, од друга страна да се препознае можноста за заедничка иднина, секако ние не можеме да имаме дилеми меѓу нас на кој јазик зборуваме, како се чувствуваме итн. Во 21 век тие прашања се навистина надвор од дискусија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

RSS
Twitter