Малолетникот од Скопје кој беше пријавен за исчезнат, сам се вратил дома

Момче НА 14-годишна возраст од Скопје кое беше пријавено за исчезнато само се врати дома. Од МВР соопштуваат дека таткото на момчето ги известил еден ден откако беше пријавен во полиција дека е исчезнат, неговиот син се вратил дома.

Во полициската станица во Карпош пред два дена беше пријавено дека малолетник се оддалечил од семејниот дом и не се вратил назад. Ф. С. (41) од Скопје ги извести надлежните дека го нема неговиот син и полицијата започна потрага по момчето.

Но, малолетникот сам се вратил назад.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

RSS
Twitter