Македонија ја нападнаа мигранти

Утрово пронајдени се 17 мигранти во близина на Штип. Од СВР Штип информираат дека мигрантите се пронајдени од страна на полициски службеници и истите се префрлени во прифатниот центар за мигранти во Гевгелија. Мигрантите биле пронајдени во близина на градските гробишта во Штип, како и на патот Штип – Радовиш.

Во овој случај не станува збор за криумчарење со мигранти, мигрантите се движеле сами без помош на шверцери.

Во последните десет дена ова е трет случај кога полицијата пронаоѓа мигранти, односно до сега фатени се 135 мигранти.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

RSS
Twitter