МАКЕДОНИЈА: Три сомнителни лица денес тестирани за коронавирус

Денеска три лица се пријавиле на Клиниката за инфективни болести во Скопје со симптоми на грип, на кои им се извршени тестирања за коронавирусот.
Кај две лица резултатите од тестирањето се негативни, а за едното лице резултатите се очекуваат.

Станува збор за наши граѓани кои изминатиот период патувале во Италија, а денеска сами се пријавиле на Инфективната клиника. 
Се очекува уште еден авион од Италија на Скопскиот аеродром во попладневните часови. Истовремено согласно препораките и задолженијата од Владата денеска во најскратена постапка започнува набавката на дезинфекциски средства за училиштата, а во текот на денот или утре и дополнувањето на резервите на опрема што е заштитна опрема за медицинскиот персонал.

рече Венко Филипче

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

RSS
Twitter