МАКЕДОНИЈА: Нови два потврдени случаи на корона вирус во државата

Од Министерството за здравство информира дека денеска во попладневните часови, на коронавирус се тестирани двајца нови пациенти и нивните резултати се позитивни на вирусот.

Заразените од корона вирус се сопружници од Дебар, кои пред неколку дена се вратиле од Италија.

Министерството за здравство ги собира деталите за пациентите. Со дополнителните информации ке излезе министерот Венко Филипче кој  ќе одржи прес конференција во 19:30 часот.

Со ова информација, бројот на заболени од коронавирус во земјава е три.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

RSS
Twitter