Македонија е сеуште прва на Европското првенство во една категорија! – [ФОТО]

Нашата машка репрезентација одамна го заврши настапот на Европското првенство во Австрија, Норвешка и Шведска, кое влегува во самата завршница кога ќе се делат медалите на најдобрите.

И покрај тоа што Македонија се пласира на 15-то место во конечниот пласман, сепак има една категорија, во која наш репрезентативец е на првото место на Европското првенство.

Филип Талески, левиот бек на средбата со Австрија го упати досега најсилниот удар на континенталниот собир, кој не беше надминат, иако се одиграа уште многу натпревари оваа седмица.

Резултат с изображение за филип талески

Останува да видиме дали на денешните последни натпревари од главната рунда во двете групи или на оние од завршницата во Стокхолм, ударот упатен со 141 километар на час, ќе биде „симнат“ од тронот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

RSS
Twitter