Македонија: ВОЗ УДРИ ВО АВТОМОБИЛ, едно лице загина, а четворица се повредени
Се случи железничка несреќа кај велешкото село Ногавци, денеска попладне во околу 12 часот, објави Телевизија 24 . Како што информира телевизијата, воз удрил во автомобил со петмина патници кои најверојатно тргнале на дијализа во велешката болница. Има едно загинато лице и четири се повредени.